Мојот прв манекенски ден

Добивај вести на Viber

  Пред да тргнеме на снимање, Габриел поради претпазливост предложи да јадеме во собата. Претпоставував дека целта му беше да ме заштити од јавноста. Во хотелот, послугата и обезбедувањето беа на високо ниво. Веднаш дојде послугата и трпезариската маса ја наполнија со разновидни јадења. Бев возбудена, што е нормално, бидејќи денес беше мој прв работен ден како манекенка и уста не ми се отвораше, но Габриел инсистираше да јадам нешто. Ми објаснуваше дека многу се напорни пробите и дека нема паузи за јадење. Повеќе гризев отколку што јадев, јадев торта и пиев цеден сок од портокал, кој навистина ме освежуваше.

  Возачот дојде и заминавме на проба во студиото. Отидовме во гардероба. Тоа беше огромна просторија. Исто така, имаше уште неколку заградени простории, со скали кружни за нагоре-надолу, за вежбање чекори. Беше преполна со манекенки, манекени, дизајнери, модни креатори, шминкери, фотографи, менаџери, помошни работници. По бројот на присутните, можеше да се забележи дека всушност ова е мегаломанска работа. Секогаш луѓето мислат дека во индустријата за забава е многу лесно кога ќе го видат финалниот производ. Но, не е така. Тоа е макотрпна работа на цела машинерија луѓе.

  Габриел застана на скалите и им се обрати на сите присутни. Ги поздрави и им посака среќна работа на сите. Не заборави да ме претстави како надежен хит што ќе биде сезонава и им кажа дека дисциплината и сериозниот пристап е најважна во овој месец до модната ревија.

  Веднаш ми се приближија двајца модни креатори. Ми ставија ткаенина врз мене и почнаа да ја сечат и да ја моделираат според моето тело. Всушност, тоа се вистински моделари кои на лице место го мерат телото и сечат, кројат, шијат. Стоев право и тие ме вртеа на сите страни. Материјалот беше од црвена боја, која се спушташе низ земја. Потоа, ми ставија и други ткаенини. Имаше и машини за шиење и на лице место шиеја, подрабуваа, мереа, пробуваа. Мене ми беше интересно. Ме измерија и за кусо време ми сошија костим за капење, кој ги покажуваше моите атрибути.

  Модниот свет ти дава шанса, но за да бидеш забележана мора да поседуваш убавина поразлична од другите. Модните брендови многу пари вложуваат во модната ревија, но затоа заработуваат вртоглави суми.

  Дојдоа и двајца шминкери со подвижна масичка со полици и со разновидна шминка. Ме нашминкаа. Изгледав сосема различно, заводливо и примамливо. Шминкерите беа задоволни од мојот изглед. Беше присутен и Мајкл, кој цело време сликаше со фотоапаратот.

  Агенцијата имаше испратено неколку мажи и жени за чекорење и одење, кои нè учеа како да чекориме правилно, секси и со вознес. Тие ни кажаа дека ќе доаѓаат до почетокот на ревијата. Се запознав со многу луѓе, но не им ги запаметив имињата. Ги видов и двете манекенки кои ги видовме во сауната со Габриел. Се поздравија со мене, но некако ладно, а јас, пак, не им обрнав внимание. Не осетив како помина цел ден. Додека имавме проби, не го видов Габриел.

  Вечерта дојде шоферот да ме земе. Бев изморена, но расположена. Срцето ми играше. Исполнет ден со работа што ме исполнуваше и сфатив дека оваа работа ми лежи на срце. Дополнително, ќе ја поминам ноќта со Габриел. Ме почека Габриел во колата, се качив во хотелот, се истуширав и се преоблеков и кога тргна колата го прашав Габриел: „Каде одиме?“

  Тој се насмеа и ми рече: „Изненадување“. Се возевме подолго време низ некој шумски дел каде што се гледаа куќи како мали палати.

  Застанавме пред една капија. Се отвори и се возевме низ еден мал парк. Застанавме пред една убава порта и вратата се отвори. Сите го познаваа Габриел и беа пријатно изненадени. Беа отмено облечени и на лицата носеа маски. На врата ни дадоа и нам маски. Влеговме и седнавме на една голема маса. Веќе имаше сервирано јадење и некои од присутните јадеа и пиеја. Немаше послуга, најверојатно, поради дискретност на присутните. Имаше музика. Од салонот имаше скали за горе и повеќе соби на спратот.

  Очигледно беше дека скоро сите се познаваат. Разговараа, јадеа, се смееја. По некое време, жените ги канеа мажите за игра. Играа и се бакнуваа, страсно дивјачки. Кој пар играше, по извесно време, го снемуваше, се повлекуваше по собите. Бев здрвена, добро што имав маска. Габриел го покани да игра една висока црнка. Јас останав последна.

  Остана еден млад човек и се осмелив да го поканам да играме. Стана, но преку маската му ги видов зелените продорни очи. Додека игравме, беше многу прибран. Се врати на маса и посегна по пијалакот. Си тури за него една чаша виски и го замолив да ми тури и за мене. Ја испи чашата на екс, а и јас исто така. Почнавме да се смееме и тој ми шепна: „Јас сум првпат тука, но се гледа дека и вие сте првпат овде“.

  Потврдив со главата. Потоа игравме подолго време. Ми беше чудно, но морав и ова да го искусам. По пиењето и играњето малку се запаливме. Младиот човек ме бакна неколку пати. Тури уште по една чаша виски. Потполно се опијанивме двајцата. Вратата се отвори од најблиската соба. Тие излегоа, а ние влеговме.

  Се заврти накај мене и страсно ме бакна. Почна да ме милува по бутините и по нозете. Сакав да му ја тргнам маската, но ми рече дека било забрането. Почна преку гаќичките нежно да ми го милува клиторисот. Толку ми требаше да се запалам. Му ги откопчав панталоните и почнав да му го масирам курот. Имаше голем алат.

  Под моите прсти се надигна како дрво. Јас бев многу влажна. Во еден момент ми ги тргна танга-гаќички и ги фрли на земја. По некое време, стана и ги спушти неговите панталони. Ме намести под него и со курот правеше кружни движења со курот допирајќи ми го клиторисот. Потоа, наеднаш влезе во мене. Мислев дека до грлото ми влезе. Се набивав на неговиот кур до крај. Ме ебеше животински, диво, брзо, па бавно. Но, не сакав да запре. Истовремено, ми го масираше и клиторисот и свршив наеднаш. После, ме сврте на стомакот и почна да ме ебе уште посилно. Уживав во сексот, а со пијалакот бев опуштена тотално. Легна на грб и ме намести врз него. Го јавав, не можев да престанам од возбуда и од задоволство и врескав: „Сакам уште и уште!!!“. На крајот, двајцата го усогласивме ритамот и свршивме истовремено.

ТУЃИНКА