Брижит Макрон уште еднаш докажа дека е најдобро облечена прва дама во светот: Нејзиниот стил вреди милиони - моќна комбинација која е олицетворение на елеганцијата

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон деновиве беше во Рим, каде присуствуваше на самитот на Г20, а беше придружуван од сопругата Брижит.

Првата дама на Франција е позната по својот неверојатно софистициран и шик стил, а во главниот град на Италија покажа дека нејзините сонароднички со право важат за најдобро обучени жени во светот.

Брижит и Емануел вчера посетија некои од знаменитостите во Рим, како што се Фонтаната Ди Треви и Вилата Медичи, а 68-годишната дама избра елегантна деловна комбинација на која тешко се наоѓаат недостатоци. 

Г-ѓа Макрон избра тегет костим од цврст материјал со сатенска завршница, а го надополни со црни кожени чизми до зглоб и плико-чанта во црна боја. 

Брижит избра класични панталони и подолгo сако со впечатливи златни копчиња, и црно на реверите. Комбинацијата на црна и темносина, најчесто е омразена кај жените, а во оваа комбинација изгледа добро при внимателно избирање материјали и нијанси од црна и темносина боја. Уште повеќе – комбинацијата на овие две бои е кратенка до необичен, елегантен стил, а тоа добро го знае и првата дама на Франција, па често ја гледаме во тие тонови. 

Инаку, моделот на сакото што го облече во оваа прилика е еден од нејзините докажани рецепти за ефикасен, а намален аутфит. Станува збор за струкиран, малку подолг блејзер со закопчување во два реда и тркалезни метални копчиња.


Фото: Профимедиа

Брижит Макрон важи за господарка на стилот во Европа: Овој нејзин изглед го потврдува тоа