Моќни народни рецепти за зајакнување на имунитетот: Ги имате сите состојки во домот
Дочекајте ги ладните денови подготвени
и здрави!
Есента пристигна, а со тоа и зголемениот ризик од настинка, особено сега кога времето се менува од час во час, што особено влијае на развојот на вируси. За да го зајакнете имунитетот и да се заштитите од кивање, настинки, гихт, треска и малаксаност, направете два природни рецепти за зајакнување на имунитетот.
1. Комбинацијата од куркума, ѓумбир, лимон и вода е полна со антиоксиданти и ги неутрализира слободните радикали. Исто така, овој природен препарат може да ги намали воспалителните процеси во телото и да го намали холестеролот, затоа е особено погоден за луѓе кои страдаат од ревматски проблеми.
Потребни состојки:
- 3 лимони
- мала лажичка куркума во прав
- парче ѓумбир
- 800 милилитри вода
Начин на подготовка и примена:
Коренот ѓумбир во големина на палецот добро измијте го со четка и ладна вода, а потоа изрендајте го на најмали парчиња. Додадете сок од три лимони и лажичка куркума, а потоа истурете 800 милилитри вода. Пијалокот чувајте го во фрижидер и не го цедете.
На првиот ден, пијте 300 милилитри наутро, по можност пред појадок, и 100 милилитри навечер. Следниот ден, повторете ја постапката според истата шема. Потоа направете нова количина од пијалакот и пијте во следните два дена.
Луѓето кои страдаат од артритис, и немаат висок крвен притисок, можат да го зајакнат имунитетот со овој пијалок доколку го пијат еден месец во континуитет. Исто така, ќе ја елиминира болката во зглобовите благодарение на состојките од ѓумбир, кои имаат корисен ефект врз ревматските проблеми.
ВАЖНО:Ако имате висок крвен притисок што го регулирате со лекови, не консумирајте го овој природен пијалок.
2. Медот е полн со антиоксиданти, ензими и минерали, вклучувајќи железо, цинк, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и селен. Исто така, медот содржи витамин Б6, тиамин, рибофлавин и ниацин.
Освен што е одличен како превенција од вирусни и бактериски инфекции, медот е одличен и за зајакнување на имунитетот, особено во комбинација со куркума.
Потребни состојки:
- 200 грама мед
- две големи лажици куркума во прав
Начин на подготовка и примена:
Измешајте го медот и куркумата со дрвена лажица, а потоа истурете ги во стаклен сад што можете херметички да го затворите. Секое утро, земете една лажица од овој домашен лекна празен стомак. Погоден е за луѓе кои имаат висок крвен притисок, а истовремено имаат и послаб имунитет.
Ако доцните со земање на „златниот мед“ за превентивни цели и веќе сте настинати, овој препарат може да ви помогне што побрзо да ја излечите настинката.
На првиот ден, консумирајте половина лажичка од добиениот производ на секој час. Вториот ден, консумирајте половина лажичка од „златниот мед“ на секои два часа, а на третиот ден, земете половина лажичка од препаратот четири пати на ден. Имунолошкиот систем ќе се активира и ќе ги „убие“ вирусите.
Можеби ќе ве интересира:
Го пијат и лекарите: Пијалак со најсилно антивирусно и антибактериско дејствоСекој ден јадете по една рака бадеми: Овие 6 фантастични работи ќе се случат на вашето тело