Моќниот Ремдесивир може да направи поголема штета од самата болест: Професор д-р. Ангеловска за несаканите дејства на лекот

Добивај вести на Viber

Ремдесивир е моќен антивиротик од поновата генерација на антивирусни лекови, кој се употребува за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, а за кој Владата вчера информираше дека Македонија ќе добие 500.000 дози преку Европската Унија, односно веќе е потпишан договорот со фармацевтската компанија „Gilead“ за да се набави лекот „Veklury“, чие генеричко име е  „Ремдесивир“. Доколку има потреба, Македонија ќе има можност да набави и дополнителни дози од овој лек.

За дејството и контраиндикациите на овој антивирусен медикамент, Фактор поразговара со претседателката на Фармацевстката комора на Македонија, проф. д-р. Бистра Ангеловска, која вели дека моќните антивиротици, како што е Ремдесивир никогаш нема да бидат пуштени во слободна продажба во аптеките, напротив тие се даваат под строга контрола на лекарите кои третираат пациенти заболени од корона вирусот исклучиво во болнички установи.

-Станува збор за специфичен лек, кој не се дава дури и на сите хоспитализирани пациенти. Неговата употреба е строго индицирана од целосната состојба во која се наоѓаат пациентите заболени од корона вирусот. Тој навистина дава позитивни резултати, но според последните студии кој јас ги разгледував, не секогаш и не кај сите има добро дејство. Напротив, овој моќен антивирусен лек знае да направи и поголема штета од самата болест. Затоа, лекарите специјалисти пред да го вклучат во третманот на хоспитализираните пациенти, пред се ја проценуваат моменталната состојба на пациентот, евентуално негови други здравствени состојби, коморбидитетит и го даваат во точно одреден степен на болеста. Навистина треба многу да се внимава кога станува збор за вакви моќни антивирусни лекови, и тоа не само случај со Ремдесивир, туку и со останатите антивиротици, вели за Фактор, проф. д-р. Ангеловска.


Целиот текст за влијанието на овој лек, прочитајте го на Фактор.мк