Моловите ќе работат и во недела-власта се правда: Ќе биде само од 10 до 18 часот

На денешната седница на ЕСС биле разгледани и работните верзии на законските измени на Законот за работни односи и на Законот за трговија, кои се однесуваат на решението недела, ден за неделен одмор.

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска објаснила дека после повеќемесечна анализа на состојбата во стопанството и проценетите финансиски импликации, одлуката трговските центри да работат во недела е разумна и основана. Затоа, според не, е добро тоа да биде регулирано во Законот за трговија, со конкретно дефинирана висина на надоместокот за работниците од трговијата кои ќе работат во недела.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пред членовите на ЕСС ги елаборираше предложените измени на Законот за трговија и објасни дека начинот на кој ќе биде уредена работата во трговијата мора да биде уреден со Законот за трговија, а не со Законот за работни односи. На овој начин, нагласи тој, се зајакнува контролата над работодавачите, бидејќи се создаваат услови контрола покрај Државниот инспекторат за труд, да вршат и Управата за јавни приходи, како и Државен пазарен инспекторат.

Читајте детали на Фактор портал, тука.