Моника го откри најдобриот производ за лице, потребни ви се само две состојки

Добивај вести на Viber

Моника Христова од Бугарија на социјалната мрежа Куора откри трик кој ѝ помогнал за лошиот тен, а многу луѓе се согласија со нејзиниот избор.

Станува збор за паста од оризово брашно и вода, едноставен рецепт од само две состојки. Оризовото брашно може да се купи речиси во сите маркети, а можете и сами да го направите.

- Овие две состојки се мешаат додека не се добие смеса која наликува на паста. Ставете ја на лицето и на вратот, оставете да постои еден час и веднаш ќе забележите како кожата ви станува посјајна. Вака се уверив дека наједноставните рецепти се всушност и најдобри за нашата кожа - открива Христова.

Таа тврди дека по едномесечен третман, сите акни и лузни ѝ исчезнале.