Мора да ви бидат на мени оваа есен: Четири намирници за совршено здравје

Добивај вести на Viber

Не е сѐ во тиквите и јаболката кога е во прашање есента. Има и други намирници кои вреди да се јадат почесто и да се најдат на менито на секое семејство.

Грозје

Сите љубители на грозјето добро знаат дека тоа е одличен извор на витамини Ц и К кои го зајакнуваат имунитетот и го враќаат сјајот на кожата. Од благодетите на грозјето, најважни се оние дека оживува и го заштитува срцето. Освен што можете да го јадете веднаш тазе набрано, вкусете го и така што сами ќе си подготвите вкусен сок. Потребни ви се пет килограми грозје кое ќе го исчистите од семките. Бобинките сомелете ги со машинка за мелење месо и додајте им две литри вода. Испасирајте, потоа додајте 800 грама шеќер и загрејте на оган само додека шеќерот не се стопи. Стаклени шишиња претходно загрејте ги во печка и додека уште се топли, во нив налејте го добиениот сок.

Цвекло 

Одличен извор на железо, чувар на крвните жили, ова-се описи кои со причина му се препишуваат на цвеклото. А оние кои го пробале свежо, го ставиле напред на листата на своето дневно мени. Салата од цвекло направете си така што ќе го излупите цвеклото, јаболката и коренот на целер ќе ги изрендате. Посолете, додајте маслиново масло, сок од свежо исцеден лимон и добро измешајте. 

 Брокула 

Брокулата е уште една од топ намирниците затоа што изобилува со антиоксиданти и успешно го штити организмот од неколку видови карцином и остеопороза. Јадете ја зготвена во салата со тестенини, лук и маслиново масло.

 Боранија 

За подолго чувство на ситост секако ќе се погрижи здравата боранија. Вкусно јадење со оваа намирница ќе добиете ако прво ја зготвите боранијата. Кога омекне, прецедете ја и ставете да се излади. Загрејте го маслиновото масло, додајте лук и претходно печено пилешко. Сѐ добро измешајте и додајте малку фета сирење, мајчина душица и неколку парчиња лимон.