Мора да го имате во својот дом: Три совети како Божиќното цвеќе да ви трае до следната година

Прекрасната црвено-зелена домашна билка обично завршува во ѓубре по празниците. Но, не мора да биде така. Со неколку вредни совети, популарната Божиќна sвезда или Божиќно цвеќе ќе го краси вашиот дом долго откако ќе зачекориме во 2022 година.

Чувајте го на умерено топло и светло

Божиќното цвеќе сака топлина и светлина, но не и кога е премногу жешко. Затоа не е добро да ги чувате овие празнични цвеќиња, на пример, до радијатор или друг извор на топлина, но не ги вадете на тераса за да не замрзнуваат.

Најмногу му одговараат температурите помеѓу 15 и 20 степени. 

Наводнете го одоздола

На овие цвеќиња дефинитивно им треба вода, но сепак не претерувајте со наводнување. Исто така, знајте дека Божиќното цвеќе треба да се напои одоздола, преку тацната на саксијата. Имено, ако го полевате одозгора како и обично, можно е растението да изгние, велат на веб-страницата „Задоволна.хр“.

Затоа, на секои три дена, пополнете ја тацната со вода и по половина час истурете го вишокот што Божиќното свеќе не го апсорбирало. 

Пресадување и скратување на стеблото

Со цел Божиќното цвеќе повторно да цвета, откако ќе и испаднат лисјата и ќе се исушат стеблата, скратете ги новите никнати стебленца на 10 см во висина.

Потоа преместете го на поладно место каде што температурата не надминува 15 степени. Тоа треба да остане во такви услови цели осум недели.

По тој период, треба да се пресади во поголема саксија од која повторно ќе почне да расте. А, ако расте премногу брзо, скратете ги новите стебленца до крајот на август.

Можеби ќе ве интересира:

Мора да го имате во својот дом: Сите тајни за одгледување Божиќно цвеќе