МОРСКА ХРАНА ЗА ЦУКЕРО ВО ОХРИД: Италијанската ѕвезда со скромни барања

Добивај вести на Viber

Од пијалоците кои Цукеро ги побарал од од македонските организатори, на листата се аперол, виски, но и  квалитетно вино. Од храната, тој ја преферира својата домашна, италијанската, но во барањата е нагласено да има и морска

Скромни се барањата на италијанската поп-ѕвезда Цукеро, пред неговиот концерт во Охрид кој ќе се одржи во среда, на 25 јули во Античкиот театар од 21 часот. Ова е прво гостување на светски познатиот музичар во Македонија, во организација на „Авалон“ продукција.

Во собите каде што ќе биде сметсен Цукеро и неговата екипа, и во бекстејџ зоната, треба да има многу овошје, зеленчук и свежи сокови. Од пијалоците кои неговиот менаџерски тим го побарал од од македонските организатори, на листата се аперол, виски, но и  квалитетно вино. Од храната, Цукеро ја преферира својата домашна, италијанската, но во барањата е нагласено да има и морска храна.

Во собите каде што ќе биде сметсен Цукеро и неговата екипа, и во бекстејџ зоната, треба да има многу овошје, зеленчук и свежи сокови

„Цукеро и екипата имаат прилично скромни барања во рајдер листата, со оглед на тоа дека станува збор за светски познат артист. Инсистираат на многу вода, цедени сокови и освежителни пијалоци. Она што е најважно е техничкиот дел од организцијата кој мора да биде изработен до перфекција“, ни изјавија од „Авалон“. 

Цукеро во Охрид доаѓа со репертоар од своите најголеми хитови меѓу кои:  „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“, „Baila Morena“, „Diamante". Својата кариера, тој ја започнал во раните седумдесети години, а првиот, од шеснаесетте студиски албуми го издава во 1983 година. Најкарактеристичен е по својот блуз вокал, и поради неговата уникатност омилен е најмногу кај женската публика. Има остварено соработка со многу светски ѕвезди како  Ерик Клептон, Стинг Реј Чарлс, Тексас, Џо Кокер, Брајан Адамс, Андреа Бочели...

Приватно, има две ќерки од првиот брак со Анџела Фиџили и син со сегашната партнерка Франческа Моцер. Во 2013 година, Цукеро посвои две деца по потекло од Кенија. Билетите за охридскиот концерт, во зависност од местата чинат 1.500, 1.900 и 3.000 денари за ВИП билетите.

М. Џаровска