„Може да има брутални убавици, а тој се задоволи со дебела девојка“: Интернетот гори од коментари за партнерката на познатиот фудбалер
Обожавателите
на фудбалерот Деклан Рајс излегоа во негова одбрана откако корисник на Твитер
ја нападна неговата долгогодишна девојка. Несоодветната објава се однесува на
девојката на Рајс, Лорен Фрајер, а твитот собра речиси 14 милиони прегледи и
уште илјадници коментари од оние кои се згрозени од објавата.
Имено, објавени се две фотографии од среќниот пар кој ужива на заеднички одмор, со ваков опис: „Деклан Рајс е мултимилионер, атлетски граден, познат фудбалер висок 185 см, а сепак се реши за дебела бела девојка. Повеќе не го разбирам овој свет“.
Секако, авторот на овие зборови е анонимен и објавува под псевдоним, а неговата шега на никого не му беше смешна.
„Има толку многу грешка во овој твит. Избришете го“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Замислете да изберете животен партнер врз основа на стандардите за убавина на општеството. Тоа покажува дека имате мало машко его“.
Играчот од средниот ред на Арсенал и неговата девојка се запознале на училиште и почнале да излегуваат кога и двајцата имале 17 години. Лорен го придружуваше Деклан на сите важни натпревари.
Двојката го дочека својот прв син во август 2022 година, кој Деклан го означи со нова тетоважа со неговото име и датум на раѓање.
Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм /„Х“