Можеме ли оваа сезона заедно да носиме црна и кафена боја: Тренди девојките велат „ДА“, а еве и зошто
Многупати се прашуваме - дали црната и кафената боја можат хармонично да коегзистираат во еден изглед? Одговорот е да!
Иако црната и кафената до неодамна беа неспоиви во еден стајлинг, како и розовата и црвената во текот на пролетта и летото, модата ни покажува дека се е можно и дека дури и неспоивите бои можат совршено да се комбинираат во еден стајлинг.
Овие две класични нијанси, за кои некогаш мислевме дека се „некомпатибилни“, се подготвени да ја окупираат нашата гардероба со одлични комбинации и разиграни текстури.
Со доаѓањето на есенската сезона, кафената боја веќе ги зазеде модните кругови, а продавниците се исполнети со парчиња и аксесоари во топли чоколадни тонови. Затоа оваа есен купуваме црна кожна јакна која ја комбинираме со кафеав плетен фустан, кафеав капут кој одлично ќе изгледа со црна ролка и фармерки или пак почнуваме да го градиме нашиот стајлинг почнувајќи од црни парчиња со додавање кафени модни додатоци.
Не заборавајте дека покрај боите, користењето различни текстури е сè! Поради оваа причина, комбинираме кашмир и парчиња кожа, свила и велур. Оваа игра со текстурите ни овозможува да ја покажеме нашата креативност и да додадеме длабочина на нашиот изглед.
Во галеријата погледнете инспиративни примери кои ќе ве убедат дека кафената и црната се совршена комбинација.
ФОТО: Инстаграм