Мрачната страна на познатиот карневал: Додека убавиците нишаат колкови и покажуваат облини, зад кулисите се случува пекол

Добивај вести на Viber

Традиционалниот карневал во Рио започна пред три дена и ќе трае до 25 февруари. Тоа ќе биде враќање на добро познат настан, кој некои го слават, а други остро го критикуваат.



Карневалот оваа година се враќа на старите патишта по пандемијата на Ковид-19, поради што фестивалот не беше организиран во 2020 и 2021 година, а во 2022 година се одржуваше само за локалните жители и под одредени други ограничувања.

Освен што се слави враќањето на старите времиња, на карневалот се слави и победата на Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија на претседателските избори во октомври минатата година, над Жаир Болсонаро, кој е обвинет за автократија.


„Карневал на животот и слободата“, се опишува настанот и се најавува дека на традиционалната манифестација, која ќе се организира и во Ел Салвадор, Ресифе и Сао Паоло, ќе присуствуваат околу 46 милиони луѓе.

„Конечно ја добивме оваа катарза“, рече еден жител на Рио. Градоначалникот на овој град Едуардо Паес минатиот петок го прогласи за почеток на карневалот, кој крие и темна страна.

Вивиен Мораис Фереира Гимараеш работи како уличен продавач на брза храна, а за време на карневалот танцува самба како претставник на училиштето „Unidos do Porto da Pedra“. Таа рече дека поради начинот на кој се претставувале танчерите, како и поради бројните предрасуди, таа и другите танчери биле изложени на навреди, па некои им предложиле да се занимаваат со проституција.

Загриженост изрази и Рајане да Силва Фереира, танчерка која ја претставува школата за самба „Acadêmicos do Salgueiro“ и која смета дека танчерите на карневалот се „претерано сексуализирани“. Короната ја наруши организацијата на карневалот.


Фернанда Флорентино, претставник на неколку школи за танц, истакна дека сексуалното вознемирување на танчерите не е ограничено само на карневалски изведби.

Семејниот живот на танчерите на самба често е полн со компликации. На пример, Рајане на крајот се разведе од нејзиниот сопруг кој беше против нејзината љубов кон карневалското танцување.

21-годишната претставничка на школата за самба „Унидос де Вила Изабел“ раскина со своето момче: „Ми рече да изберам меѓу карневалот и него. Карневалот е мојот живот, па затоа го избрав карневалот“, пренесува qcostarica.com.

Д-р. Розане Борхес, која предава новинарство на Универзитетот во Сао Паоло, рече дека сликата на жената често се сексуализира до точка на вулгарност на карневалот и истакна дека постои расна дискриминација кон танчерките, како и обично во бразилското општество.

View this post on Instagram

A post shared by Carnaval de Rio (@carnavalderiofr)



Пред неколку години, карневалот беше најавен со страшни статистики: над 500 случаи на расизам, сексизам и хомофобија и повеќе од 200 пријави за грабеж и обид за силување. Прашање е колку непријавени случаи имало. Полициските извештаи покажаа дека од 2015 година насилството врз жените за време на фестивалот е зголемено за неверојатни 174 проценти. Бразилскиот фотограф Julien Albuquerque се обиде да ги овековечи тие моменти.


Оваа година, Рио е за танцување, веселба и женски облини. Што треба да се направи за приказната за карневалот да биде сосема поинаква е прашање на кое надлежните се чини воопшто не обрнуваат внимание. Вистината останува во втор план, а како главна вест се издвојуваат „веселите“ слики и познатите гости како Алесандра Амбросио и Изабел Гулар, која беше прогласена за кралица на карневалот во Ел Салвадор.


ФОТО: Инстаграм