Мрачната вистина зад најраното цветање на Јапонските цреши

Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните 70 години, а експертите наведуваат дека тоа најверојатно се должи на влијанието на глобалното затоплување.

Цветањето на црешите биле надгледувани од Јапонската метеоролошка агенција скоро 70 години, а агенцијата забележа дека првите цветови на црешата годинава цветале во Кјото на 26 март. Слични рекорди се поставени во повеќе од десетина градови низ целата земја.

Цветот на црешата „сакура“ обично цвета во април, кога Јапонија слави почеток на нова учебна и деловна година. Сепак, сега повеќето дрвја цветаат пред првиот училишен ден. Некои сметаат дека ова е најрано нивно цветање досега, судејќи според записите од историските документи, дневници и поетски книги од Кјото.

Научникот за животна средина во Осака, Јасуиуки Аоно, кој следи вакви документи, рече дека најраното цветање пред оваа година е 27 март 1612, 1409 и 1236 година.

„Можеме да кажеме дека ова најверојатно се должи на влијанието на глобалното затоплување“, изјави претставникот на јапонската агенција за метеорологија Шунџи Анбе.