Мрзеливи, егоцентрични и верни: 10 работи кои би ги знаеле само ако сте ЛАВ во хороскоп

Добивај вести на Viber

Влеговме во периодот кога владее хороскопскиот знак Лав, а неговото владеење трае од 23 јули до 22 август. Веројатно ви е познато дека неговиот владатар е Сонцето, што значи дека личностите родени во овој знак, зрачат со позитивна енергија, која на другите им годи.

Покрај тоа, заштитен знак им е самоувереноста, поточно сакаат да се претставуваат како такви. Најчесто знаат што сакаат и како да стигнат до тоа, а опкружувањето често мисли дека цел свет се врти околу нив и им замеруваат за тоа. Доколку вие сте некој кој слави роденден во вој период, веруваме дкеа ќе ве интересира описот што следува.

1. Лојални сте

Со текот на годините најчесто избирате личности кои ви годат и покрај нив сте и во добро и во зло. Кога некој од нив поминува низ тежок период, тука сте да скокнете во помош. Не ви е нешто непознато ни да се заложите за блиските, а поради овие одлики понекогаш ве доживуваат како наредник, што не ви е цел.

2. Умеете да биде егоцентрични

Често имате потреба да се наметнете како поинакви и единствени, така што зборувате за своите хобија и интереси. Ви годи чувството да бидете важни, но тоа на поединци умее да им пречи. Поради тоа, не е лошо понекогаш да ги слушнете мислењата на другите и да се откажете од вниманието во кое уживате.

3. Самосвесни сте

Како што веќе истакнавме, ви годи главното место во друштвото, а повторно, од друга страна, се грижите за впечатокот кој го оставате. Самоувереноста често е само претстава за јавноста, додека длабоко во себе имате дилеми и стравови. Ако ова важи и за вас, размислите за своите маани и донесете одлука задоволството да го побарате во себе, а не во другите.

4. Умеете да бидете мрзеливи

Сакате да ги правите работите кои во вас будат страст, а кога таа ќе недостасува, ја губите мотивацијата. Се давате со цело срце во односите и задачите за кои верувате дека се вистински, но кога не е така, со задоволство би ги прескокнале.

5. Очекувате потполна посветеност од партнерот

Кога некој ви се допаѓа, не се воздржувате за да го покажете тоа. Меѓутоа, се надевате дека истото ќе го добиете за возврат. Не се чувствувате пријатно кога вашиот партнер времето го дава на другите, а уште помалку имате толеранција за оние кои не сте сигурно дека се грижат за вас.

6. Потребно ви е време за да се средите

Ставањето на себе во прв план подразбира и беспрекорен изглед. Стилот на облекување за вас има многу длабоко значење. Обично одбирате облека во силни бои и ефектни дезени, а подеднаков интерес покажувате и за козметичките производи и атрактивната шминка.

7. Креативни сте

Препознатливи сте по разиграната енергија, која ја покажувате и низ хобијата. Совршениот избор на професија за вас се наоѓа во областа на креативната индустрија или пак на сцена. Сакате да направите нешто со свои раце, бидејќи во тоа истовремето пронаоѓате вентил и исполнување.

8. Држите до себе

Сакате кога другите ве прашуваат за мислење, но и сакате да ги пофалат вашите успеси. Кога тоа не се случува, умеете да се повлечете и да тагувате. Доколку ви се случува ова сценарио, знајте дека однесувањето на другите личности често е условено со нивните грижи и проблеми, и не мора да значи непочитување.

9. Имате лидерски способности

По потреба, ја преземате улогата на лидер, што ви оди од рака поради енергијата и харизмата. Вешти сте на зборови, а заложувањето кое го покажувате делува поттикнувачки на опкружувањето. Сепак, стекнувањето на доверба и углед бара време и не е добро да се стане надмен и да се очекува кралски третман.

10. Пренагласени сте

Иако она за што зборувате може да звучи забавно, умеете да ја преувеличувате реалноста. Можеби и самите себе понекогаш си личите на лик од телевизиска серија, кој реагира бурно во моментите на вознемиреност или кога ќе му се упати критика. На луѓето поради тоа не им е тешко да препознаат како се чувствувате.

фото: Shutterstock