Му беше конкуренција на Здравко Чолиќ: Начинот на кој заврши убавата русокоса изненади многумина
Трагично заврши
животот на пејачката Никол Јоси, која му беше конкурентка на Здравко Чолиќ
Никол Јоси, белгиската пејачка позната по учеството на Евровизија во 1973 година (каде Југославија ја претставуваше Здравко Чолиќ) беше една од најубавите русокоси која за жал заврши со трагичен крај.
Таа беше едната половина од дуото Никол и Хуго, познати во Белгија по хитовите „Goeiemorgen, morgen“ и „Pastorale“. Никол и Хуго исто така беа во брак - се запознаа во 1970 година, а се венчаа во 1971 година. Тие беа успешни и како сопружници и како деловни партнери - музичари.
– Нашата тајна е да се помириме и расчистиме пред спиење, секој пат кога ќе се расправаме – открила еднаш Никол, пишува Нова.
По веста за нејзината смрт, јавноста остана шокирана, а начинот на кој почина изненади многумина.
Имено, пејачката починала во сопствената куќа откако паднала по скали, што било фатално.
Таа на Евровизија се натпреваруваше со Здравко Чолиќ
Хуго и Никол ја претставуваа Белгија на Евровизија во 1973 година. Нивниот настап не помина баш најдобро, иако вниманието го привлекоа со атрактивни костими. Тие се претставија со песната „Baby, baby“ и натпреварот го завршија на последното место.
Интересно е што во таа година Југославија на Евровизија ја претставуваше Здравко Чолиќ, тогаш млада музичка ѕвезда.
Овој негов настап кога се појави во црвен костум, ѕвонарки и со коса до рамениците, многумина се‘ уште го паметат. Тој се претстави со песната „Гори ватра“, за која музиката и текстот ги напиша Кемал Монтено. Чола тогаш го зазеде 15-то место од вкупно 17 учесници.
Фото и Видео: Youtube
Здравко Чолиќ не личи на себе, ваков никогаш не сте го виделе ФОТО