Му беше партнерка на Свејзи во „Валкан танц“: Денес нема да ја препознаете
Некои глумци ги паметиме само по филмовите кои ги
прославија. Токму ваков е случајот и со актерката Џенифер Греј, позната по
улогата на Френсис „Бејби“ Хаусман во филмот „Валкан танц“ од 1987 година. На романтичната
приказна за љубовта помеѓу тинејџерката Бејби и нејзиниот инструктор по танц
Џони Ксел, кој го играше Патрик Свејзи, многумина и денес се сеќаваат.
Иако во овој филм Џенифер се прослави, нејзината кариера не беше толку успешна како на нејзиниот партнер. Причината за тоа се и низата случувања на приватен план, меѓу кои и сообраќајна несреќа во која загинаа две личности што ја фрли во депресија, но и ракот на тероидната жлезда кој успеа да го победи.
Џенифер во едно интервју во 2012 година откри уште една причина која лошо влијаеше на нејзината кариера. Имено, две години по филмскиот успех, поточно во 1989 година, заминала на пластична операција за да го намали носот. Иако неправилниот нос и бил заштитен знак и ја разликуваше од другите, актерката не била задоволна како изгледа. Како што самата раскажа, оваа промена лошо се одразила на нејзината кариера.
Денес има 59 години и неколку епизодни улоги во серии, како што се „Вовед во анатамија“ и „Red Oaks“. Пред девет години се натпреваруваше во американската везија на шоуто „Танц со ѕвездите“ каде што успеа и да победи.
Од 2001 година е во брак со актерот и режисер Кларк Грег со кој ја има 18 - годишната ќерка Стела.