Му подари бубрег на непознат млад човек: Судбината ѝ приреди неверојатно изненадување! (ВИДЕО)
Фото: Youtube/screenshoot/USA TODAY
На радио ја
слушнала приказната за момче кое поминало три години на листа на чекање за
трансплантација на бубрег и веднаш презела нешто
Ешли Мекинтајр знаеше дека ќе смени нечиј живот кога реши да донира бубрег, но немаше идеја колку таа одлука ќе има големо влијание врз нејзиниот живот. На радио ја слушнала приказната за Дени Робинсон (25), кој страдаше од бубрежно заболување и дека тој поминал три години на листата на чекање за трансплантација.
Мекинтајр презела акција. Нашла податоци на болното момче, го направила тестирањето и се покажало дека може да биде донатор. Мекинтајр и Робинсон, заедно со нивните семејства, се сретнале за прв пат околу еден месец пред постапката.
„Сите „кликнавме“ веднаш“, рече Мекинтајр. „Тие ми рекоа дека секогаш ќе бидам дел од нивното семејство.
Двајцата биле во контакт. Често се слушале по телефон и си испраќале СМС пораки. Тие размислувале за врска, но биле загрижени што ќе се случи доколку не успее постапката за трансплантација. Откако операцијата поминала во најдобар ред и на Робинсон му се даде нова шанса за живот, немало причина да не бидат заедно.
Мекинтајр за кратко време забременила, а парот се оженил и добил ќерка.
Можеби ќе ве интересира: