Јадат што сакаат, а пак се слаби: Триковите за добра форма на италијанките

Добивај вести на Viber

Италијанките се познати по тоа дека сакаат да уживаат во храна, но тоа не значи дека ќе се помират со вишокот килограми. Тие секојдневно го применуваат трикот од 15 минути и тој им помага да ја одржат линијата.

Италијанките имаат опуштен пристап до храна и конзумираат се што сакаат - леб, тестенини, сладолед, вино ... калориите ги контролираат така што јадат едноставни намирници, ставаат помалку преливи и јадат помали порции.

Поради овој начин на исхрана, тие не мора да одат на диети и не ги практикуваат, а за да останат витки се служат и со трик кој всушност е дел од италијанската култура - кога и да имаат прилика одат во кратка прошетка која трае обично 15 минути.

Понекогаш шетаат и неколкупати дневно и тоа после оброци. Не се оптеретуваат со облеката за обликување на телото која поттикнува потење и слабеење, туку уживаат во сонцето и се дружат со пријателите или семејството.

Дека прошетката после јадење е многу корисна потврдуваат и научниците. Имено, истражување објавено во магазинот "Diabetes Care" покажало дека три прошетки дневно по 15 минути го намалуваат ризикот од дијабетес.

Истражувањата покажале и дека прошетката после вечера е најкорисна: лесна физичка активност и темница може да го „репрограмираат“ телесниот часовник и така да  ви помогнат подобро да спиете, да го подобрите варењето и да го намалите нивото на инсулин после јадење.

Со тоа воопшто нема да имате чувство дека вежбате.