,

Muse ја нагласува вашата женственост

Добивај вести на Viber

Во модел од својата најнова колекција и нејзината искрена насмeвка, креаторката Росица, по традиција ги дочека љубителитe на нејзиниот бренд. Колекцијата Muse за новата сезона Есен Зима, вечерва беше претставена во модното ателје на Росица Мршиќ. Препознатливиот израз на Росица и овојпат ја одбележа нејзината колекција во која доминираа белата, црната и зелената боја, без разлика дали станува збор за дневна или вечерна варијанта. Специфичната форма оди во прилог на авангардната креаторка, чии модели се наменети за модерните дами со префинет вкус. Еколошкото крзно беше искористено за да го постави финалниот шмек на моделите. Плисе или рачно изработените детали, ја надополнуваа комплетна слика на парчињата облека кои се дел од оваа сезона. Креаторката годинава одбележува 8 години од постоењето на својот бренд.