Мускулна болка, главоболка, треска: Зошто некои луѓе реагираат вака на вакцината против ковид-19?

Добивај вести на Viber

Мислењето на медицинската фела е дека поблаги форми на реакција по приемот на вакцината не треба да ве загрижуваат

Вакциниите против корона вирус на Фајзер/Бајонтек или АстраЗенека можат да дадат привремени краткотрајни несакани ефекти како што се треска или главоболка, пишува „Дејли Стар“.

Овие вакцини не содржат цели вируси и стимулираат силен имунолошки одговор.

Нашиот имунолошки систем може да препознае и да разликува вируси кои го напаѓаат телото, а истовремено да го поправи и оштетеното ткиво.

Вакцината воведува побезбедна верзија на патогенот во организмот, што предизвикува имунолошки одговор на вирусот.

Патогенот во вакцината е потребен за да се обезбеди реакција на имунолошкиот систем.

Симптоми кои можат да се појават по имунизација, како што се висока температура или замор, се јавуваат затоа што имунолошкиот систем работи да се брани.

Тешки несакани ефекти се алергиска реакција и оштетување на нервите поради воспаление, но овие реакции се јавуваат многу ретко - се јавуваат помалку од еднаш во 500.000 случаи.

Иако многумина ќе доживеат благи несакани ефекти по вакцинирањето, Метју Вудруф од Центарот за човечка имунологија на Универзитетот Ајмори вели дека тоа може да биде добар знак.

- Експертите тврдат дека ова се индикатори дека вакцината „работи“ за она за што е дизајнирана, односно дека го „тренира“ имунолошкиот систем на правилна реакција - вели Вудруф.

Други вакцини против корона вирус исто така можат да предизвикаат минливи несакани ефекти - покрај привремена треска, главоболка, болка во мускулите, како и болка и оток на местото на инјектирање.


Можеби ќе ве интересира:

Ако ги имате овие симптоми, ве мачи корона инсомнија: Се јавува и кај луѓе кои не заболеле од ковид-19