Музичка програма и хуманитарна акција по повод отвoрањето на новата уникатна градина на ресторанот „Four“

Добивај вести на Viber

Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма кои ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година“ на „Проект Среќа“. Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик.

- За нас ова отворање има посебно емотивно значење бидејќи периодов беше тежок како  професионално така и приватно. Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет. Со хуманитарната акција на градината ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп. 


Од „Проектот Среќа“ најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција и ова за нив претставува огромна поддршка од страна на бизнис секторот. 


- Благодарност до ресторанот „Four“ што се дел од оваа хумана акција, сакам да ги поканам сите кои сакаат да бидат дел од акцијата и да земат учество поточно со секоја нивна посета  токму тука во ресторанот ќе биде наменета за обезбедување на училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, обезбедувајќи им училишна опрема, ранци, и уреди, секоја година, во склоп на нашиот проект ,,Среќна Школска Година“. Сите кои сте во можност дојдете на прекрасните забави, направете резервација, а вашето присуство ќе помогне да усреќиме што повеќе деца и оваа година. Ви благодариме наши прекрасни пријатели, за вашите големи срца и поддршката која ни ја давате секоја година!, истакна Кристина Арнаудова од „Проектот среќа“. 


Сите гости, преку уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, дружење во амбиентот на нова градина, спектакл и ред изненадувања во новиот амбиент, ќе дадат свој личен придонес кон оваа хуманитарна акција.


ПР објава