Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ.

Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“.

Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап и рецитал на познати уметници од нашата сцена: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано). Стихови од книгата ќе читаат: Драгана Левенска, Игор Дурловски и Часлав Митрички.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk

ПР објава