Музичката дива Јасмин Леви во пресрет на концертот во Скопје: Одвај чекам да Ви го донесам моето музичко патување полно страст, тага и љубов

Ладино дивата Јасмин Леви на 7 април во големата сала на Македонска филхармонија за прв пат ќе одржи концерт во Скопје, чиј генерален спонзор е телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.

Во пресрет на нејзиното прво видување со македонската публика во видео порака вели дека е особено возбудена и љубопитна за настапот во Скопје.

„Особено сум возбудена и љубопитна да ве запознаам. И заедно со мојот бенд да го донесам со мене музичкото патување полно со страст, тага, љубов, романтични песни се на шпански и Ладино. Одвај чекам да ве видам сите вас, навистина се радувам да ве видам“, вели ѕвездата на светската музика која во рамки на нејзината балканска турнеја веќе одржа концерти со полни сали во Белград, Сараево, Нови Сад, Бања Лука.

Како на претходните концерти, така и во Скопје публиката од Јасмин Леви може да очекува вонвременска музика одбележана со светските хитови како "Una noche mas", "Alegria", "Adio kerida" пред македонската публика.

Нејзините концерти се опишуваат како патување низ најдлабоките емоции и спој од различни светови и култури, низ музиката која таа ја доживува како мост меѓу сите луѓе, а најмногу меѓу себе и публиката.

Концертот на Јасмин Леви ќе се одржи на 7 април во салата на Македонската филхармонија, а влезниците можат да се купат онлајн преку ticketx.mk.



*Пр објава