Животна училница // Приказни
Музика, балони и многу гости: Стефан Богоев и сопругата го прославија раѓањето на нивното синче (ФОТО)
- 13 Ноември, 2022
Со многу музика, блиски пријатели и роднини, Стефан Богоев и неговата сопруга Ивана го прославија раѓањето на нивното синче.
Пред десет дена, поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, објави дека станал татко. Неговата сопруга Ивана го родила синот Лука.
„Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus“, напиша тогаш Богоев.
А сега новопечените родители направија вистински добра забава за Лука.
На забавата секако присуствуваше и Ивана, сопругата на Стефан, целата облечена во црно и изгледа прекрасно само десет дена по породувањето.