Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Стефан Богоев стана татко и го откри името на бебето
Поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, објави дека денеска станал татко. Неговата сопруга Ивана го родила синот Лука.
„Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus“, напиша Богоев.
Името Лука е со латинско потекло, од Lucius - светол, роден во зора.
Боегоев со Ивана Анѓеловска стапи во брак во 2018 година, a ја запроси во февруари истата година.
За свечениот момент одбра симболичен датум - нејзиниот роденден. Тогаш, за „Женски Магазин“ ја раскажа нивната љубовна приказна:
- Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – ни раскажа Богоев тогаш.