СЕ ОЖЕНИ СТЕФАН БОГОЕВ
Откако во јуни се заколна на вечна љубов со неговата избраничка Ивана Анѓеловска пред најблиските роднини и пријатели во црквата Св. Пантелејмон, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва направи свадбена веселба на која присуствуваа бројни јавни личности.
Стефан ја запроси својата долгогодишна девојка Ивана во февруари годинава. За свечениот момент одбра симболичен датум - нејзиниот роденден. Тогаш, за „Женски Магазин“ ја раскажа својата љубовна приказна.
- Се запознавме пред скоро девет години. Пред тоа воопшто не се познававме. Се најдовме во „Клуб Картел“ кој тогаш постоеше. Од првиот момент имаше искра и почнавме интензивно да комуницираме. Почнавме и да се гледаме, беше убаво и да бидам искрен уште оттогаш имав претчувство дека ќе трае. Оттогаш, покрај љубовта станавме и најдобри другари, партнери. Споделуваме сѐ. Ивана ми е и најголема поддршка во кариерата, а и јас во нејзината – ни раскажа Богоев.
Ексклузивна галерија од настанот можете да погледнете ТУКА.
Фотографии: 1ТВ