МУЗИКАТА СЕ ВРАЌА НА СВАДБИТЕ И ВО КАФУЛИЊАТА ОД 1. ЈУНИ: Наставата во училиштата неизвесна, вели д-р Исјановски
Здравствените власти утринава соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи, по што Комисијата за заразни болести до владиниот кризен штаб ќе достави предлог за олабавување на антиковид мерките.
Освен што Комисијата за заразни болести препорачува од 1. јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, од самиот старт на јуни препорачува да се дозволат свадбените веселби и прослави, но само на отворено, со не повеќе од 100 гости.
-Овие наши препораки се должат, како што неколку пати повторивме, на одличните бројки кои ги имаме во овој период. Намалениот број на новозаразени и празнењето на болничките кревети во ковид-центрите во моментов овозможува да дадеме вакви препораки. Значи до владиниот Кризен штаб препорачуваме од 1.јуни да бидат дозволени и прослави и свадби, но секако повторно под одредени протоколи. Ќе може да се прават само на отворено, на масите ќе може да седат и по 6 гости, дозволена е и музика, како на свадбите и прославите, така и во секојдневното работење на кафулињата, но само на терасите, посочува за Фактор д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.
Детали, читајте на Фактор, тука.