МВР потврди: Беличанец се самоубила во бањата, сопругот ја пронашол

Актерката Билјана Беличанец се самоубила сношти во нејзиниот стан во Скопје, а ја пронашол нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, потврдија од МВР.

Беличанец се обесила во својата бања, а сопругот случајот го пријавил околу 22.30 сношти.

„ На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул. „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.

Познатата актерка од Драмски театар, во 2009 ја доби наградата на фестивалот “Војдан Чернодрински” за главна женска улога во „Кинегонда во Карланенд“ а во 2012 за улогата во „Генетика на кучињата“. Позната беше и со синхронизација на турски серии.

Таа беше поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година. Од претходниот брак со стоматолог, има две малолетни деца.