На 17 години роди син, на 19 остана вдовица, за сè во животот се бори како лавица: Животната приказна на Стоја

Добивај вести на Viber

Живееше во сиромаштија, денес е голема фолк ѕвезда.

Стојанка Новаковиќ Стоја е родена на 4 јуни 1972 година во селото Перлез недалеку од Зрењанин. Својот прв албум го издаде во 1998 година, а голема популарност стекна во 2000-тите.


Нејзините родители биле строги и се знаел „ред“ кога се учи, кога се помага дома и кога е време за игра. Признава дека била тврдоглава и палава, но дека била омилена на нејзиниот татко, па тој понекогаш и „прогледувал низ прсти“. Отсекогаш сакала предизвици и не сонувала за брак, деца и семејство, туку за бегство од сиромаштијата во која живеела. Многу сакала да биде пејачка, но татко ѝ ѝ се спротивставил, па таа се омажила и на само 17 години го родила синот Милан.

-Се омажив многу млада, на 16 години, за човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Родив син на 17 години, а набрзо почнав да настапувам со бенд, со согласност на мојот сопруг. Идилата траеше до 19 години, кога се случи несреќата, а потоа сè тргна наопаку.

По само три години брак, нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа, а таа останала сама со синот.

- Не јадев, делев компири со сосетката, но секогаш имав сок и кафе за моите родители кога доаѓаа на гости кај мене. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме и таа самодоверба ме турна напред - изјави своевремено Стоја.

Иако пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја со години тврди дека нејзиниот прв сопруг загинал во сообраќајна несреќа, се појавија приказни дека тој всушност се фрлил во реката.

-Тешко ми беше кога тогаш требаше да им докажам на моите родители дека насловите не се точни. Посебно што повеќето работи во животот ги постигнав со работа и труд. Кога излегоа насловите за смртта на мојот сопруг, не ме допреа бидејќи повеќе се плашев за моето дете - изјави еднаш Стоја за „Курир“.

Пејачката тогаш изјави дека најважно и е што нејзиниот наследник не доживеал ништо лошо.

- Мојот син имаше само три години кога го загуби својот татко. Не се потресував за други работи бидејќи најдобро си го знам животот. Ми беше важно само моето дете да не го доживее тоа лошо, особено што рано го загуби татко му.
Денес, кога помина сето тоа, контактирам со роднините на мојот сопруг. За жал, неговите родители починаа - вели пејачката.

И покрај тешките моменти од нејзиниот живот, таа успеа да се извлече од сè посилна и да постигне завидна музичка кариера.

Инаку пејачката сега има нова фризура, долгата црна коса ја замени со кратка пикси фризура поради што ја споредуваат со Крис Џенер.


извор:stil.kurir
фото:instagram