„На 17 години родив син, па не го видов 10 години, а потоа му пријдов на улица“: Исповед на Тина Ивановиќ
Пејачката Тина Ивановиќ
го родила синот Данијел кога била малолетна и не можела да го види во следните
10 години
Пејачката Тина Ивановиќ го доби своето прво дете, синот Данијел на само 17 години. Пејачката сега се потсети на тешкиот период и откри дека долго време не смеела да го види синот.
- Само јас знам колку ми беше тешко во тој период. Многу страдав. Кога требаше да се видам со моето дете, мојот поранешен сопруг и неговото семејство не ми го дозволуваа тоа. Никогаш не се откажав од него. Па, која мајка не би сакала да биде со своето дете. Не можам да ви кажам колку пати одев со автомобил до куќата каде што живееше и го чекав -изјави Тина.
Пејачката се присети на нивната средба во 2005 година.
- Успеав да го видам еднаш, додека возеше велосипед. Не знам дали се сеќава на тоа, бидејќи беше многу мал, имаше четири години. Му пријдов и му реков дека сум му мајка и му ги дадов парите. Забележав дека е збунет и постојано гледаше во портата на куќата во која живееше. Две години по разводот отидов на работа во Германија и редовно испраќав алиментација. Така беше до 2005 година, кога конечно се запознавме – изјавила Тина.
Да потсетиме, пејачката со години е во брак со сопругот Ѕвездан, а не крие дека среќата ја нашла кај него.
- Тој е господин и џентлмен пред се‘, знае да ме изненади. Многу пати бев изненадена. Секогаш велам дека ситниците ме освојуваат, а некои работи што ги направи ме воодушевија. Бидејќи е многу вреден човек, сака да коси трева, еднаш направи срце од трева и буквата Т. Само ме повика да излезам на тераса, потоа имав што да видам. На целото поле, срце и буквата Т – раскажа еднаш пејачката во емисијата „Пулс Србија“ на телевизија Курир.
Фото: Youtube - screenshoot