На 35 години, почина хирургот Симон Василев од Штип

Доктор Симон Василев за жал прерано не напушти. Но беше почитуван, сакан, другар и човек кој секогаш сакаше да помогне.

Почина вчера на 35 години по кратко боледување, објави телевизија М-нет.

Доктор Василев е роден 1986 година во Штип, дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Фото: Инстаграм