Здравје // Совети
На 55 години изгледа неверојатно: Синди Крафорд откри што појадува за да изгледа витко (РЕЦЕПТ)
Во февруари, популарната манекенка Синди Крафорд наполни 55 години, но секој ден добиваше комплименти дека изгледа подобро од многу помлади девојки.
Познатата манекенка тврди дека тајната е во појадокот што го јаде веднаш по будењето. Имено, Синди секое утро јаде пржено јајце, пушен лосос, авокадо и маслинки.
Таа постојано изјавуваше дека не конзумира лоша и преработена храна.
Во случај да има обврски наутро и да нема време да подготвува појадок, таа ужива во смутито што го прави од бадемово млеко, банани и спанаќ.Потребни состојки:
-Чаша бадемово млеко
-1/3 замрзнати банани
-грст свеж спанаќ
-10 лисја свежo нане
-8 g протеински прав
-грст какао во зрна
Таа ги меша сите состојки и ужива во појадокот, за кој не е потребно многу време да се подготви.