На 58 години го откри телото во тантелен фустан: Хали Бери во контроверзно издание кое го одзема здивот

Добивај вести на Viber

И во шестата деценија, Хали Бери гордо ги покажа своите прекрасни атрибути. Таа позираше на црвениот тепих во фустан од тантела.

Актерката Хали Бери во смела модна комбинација позираше на црвениот тепих во Лос Анџелес. Имено, во ова контроверзно издание се појави на премиерата на новиот филм на Нетфликс „The Union“ во кој глуми со Марк Валберг.

Проѕирниот фустан ги покажа сите облини на актерката која во шестата деценија гордо го истакна своето змијско тело.


Горниот дел од смелата модна комбинација беше во стил на корсет, а деталите од тантела го комплетираа изгледот на актерката.

Да потсетиме, Хали е во брак со сопругот Ван Хант од 2021 година, а се венчаа во тајност.

Кариерата ја започнала како модел, а во младоста учествувала на бројни натпревари за убавина, меѓу кои и на изборот за Мис на светот во 1986 година, каде завршила на 6-то место како претставничка на САД.

Нејзината улога во „Бумеранг„ во 1992 година ѝ ја отвори вратата на Холивуд, а потоа следеа многу други улоги кои и донесоа статус на ѕвезда, вклучувајќи ја улогата на Бонд девојка Jinx во 2002 година во филмот „Die Another Day„. Таа е позната и по улогата на „Жена мачка“ во истоимениот филм од 2004 година. Во 2002 година го освои Оскарот за најдобра актерка за улогата во филмот „Monster's Ball“.


Фото и Видео: Инстаграм