На 60 години изгледа неверојатно секси во костим за капење: Лидија Вукиќевиќ позира на базен (ФОТО)

Костимите за капење на Лидија Вукиќевиќ изгледаат како направени за неа

Атрактивната актерка изгледа како да го запрела времето, а годините не оставиле трага на неа.

Имено Лидија, која неодамна наполни 60 години, остава без зборови со својот беспрекорен изглед, а телото што гордо го прикажува е она што многу дами можат да ѝ позавидат.

Овој пат, за потребите на едно снимање, актерката позираше на работ од базенот во црн костим за капење со исечоци на страна, додека горниот дел ги истакна нејзините заносни облини, па сите коментираа дека одлично ѝ стои.

View this post on Instagram

A post shared by (@vukiceviclidija)


Огромните очила за сонце, карминот и влажните локни додадоа беа само еден голем плус.

Актерката неодамна за медиумите откри дека е поддржувач на природниот изглед: 

„Единствено што сум направила на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја поттикнува работата на колагенот. Ја прави кожата мазна и нежна. Освен тоа, ништо друго не сум направила, никакви операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се негувамод својата 18-та година. Мајка ми беше строга и загрижена за изгледот на мене и на сестра ми, уште како мали девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај тоа генетиката, имам благодарна кожа на мајка ми. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво, а сето тоа резултира со мојот изглед.“


*Мајка ми студирала книжевност во Скопје и од мала ми ја пренесе љубовта кон Македонија – Лидија Вукиќевиќ