На ѕидовите ѕвезди, мебел во пастелни бои и многу балони: Марија Шерифовиќ покажа како ја уредила собата на својот син

Добивај вести на Viber

По многу исчекување, нервоза и неизвесност, Марија конечно ужива во секој нов ден што го поминува со најомиленото суштество на планетата, нејзиниот син Марио

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна ја изненади Србија со веста дека стана мајка на момчето Марио кое го роди сурогат мајка во Америка.

Таа неколку пати во јавноста проговори за тоа дека сака да стане мајка по природен пат, но дека не можела да го направи тоа, поради што се одлучила за сурогат мајчинство.

По доаѓањето од Америка во Србија со синот, Марија отиде во нејзиниот стан во срцето на Белград, а потоа имавме можност делумно да видиме како изгледа просторијата за нејзиниот наследник.

Меѓутоа, неодамна Марија на својот Инстаграм профил објави видео за серија концерти кои ќе ги одржи во регионот, а видеото го сними во собата на момчето. Тогаш добивме уште една шанса делумно да ѕирнеме во собата на малиот Марио.

Целата соба е обоена во пастелни мирни крем тонови, а еден од ѕидовите е украсен со преслатки ѕвезди. 

Погледнете како изгледа собата на малиот Марио во следната галерија.

Извор: глосси.рс