На фотографијата не е Кејт Мос иако и нејзините роднини би помислиле дека е таа: Еве која е жената која ја ископира славната манекенка и модна икона

Добивај вести на Viber

Вистинска конфузија настана на неодамнешната ревија на модната куќа Marina Serre на модната недела во Париз. Се појави модел кој неверојатно наликува на Кејт Мос. Наместо тоа, изгледа дека е нејзин клон. Интересно е што во првите извештаи од тој настан дури некаде пишуваше дека „Кејт Мос прошета по пистата“.

На Инстаграм, каде што беше објавен клип од модната ревија, луѓето не можea, а да не се изненадат колку тие две си личат. Познатата Британка не е воодушевена од ваквите случувања.

На пистата не беше Кејт Мос, колку и да звучи чудно, туку Дениз Онона, која на Инстаграм се претставува под профилот @imnotkatemoss. Оваа манекенка на мрежите често ја имитира модната ѕвезда, а секој пат покажува колку личи на познатата Британка.

Одлуката на брендот Marina Serre да ја покаже сличноста на Кејт Мос со Дениз изненади многумина, а и самата Кејт не била воодушевена. Модната икона ја налути имитацијата на нејзиното препознатливо движење.

„Кејт не ја прифаќа шегата. Очигледно таа не е поласкана од тоа, не и се допаѓа. Таа нема ништо против девојката, нема омраза или нешто што се граничи со гнев кон неа. Но, таа едноставно не е љубител на тоа и би била среќна ако сето тоа исчезне. Обидот да го ископира нејзиниот начин на одење навистина не помина добро, тоа беше најнепријатниот дел за неа“, изјавил извор за Дејли Меил.

Мос беше на модната недела во Париз, во публиката, но на некои други ревии како ревијата на Сен Лоран, која ја гледаше со нејзината ќерка Лила Грејс Мос Хак.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs