На крајот на денот сите ние сме џокер: Утринско кафе со Викторија Јаначковиќ
Наутро станувам во 6 и вежбам. Денот го започнувам со утринско кафе и по можност никој да не разговара со мене.Сите женски марифети ги правам многу брзо и спремна сум веќе во 7:30 за работа.
Во ординација влегувам да работам во 8 часот наутро и денот ми е обично зафатен и исполнет. Под полн гас.
Во животот ме мотивираат исклучиво добри луѓе и насмевки.
Денот ми завршува со планирање на утрешните обврски, и како сабајле, сакам да бидам во мир и тишина со добра музика. Викендите се поразлични секако. Многу понемирни.
Фото: Вангел ТануровскиОбожавам да читам, но сум луда по добри филмови.Ме успиваат сите добро тематски организирани приказни, без разлика на тежина. На крајот на денот сите ние сме џокер.
*Викторија Јаначковиќ-манекенка со завидно портфолио, сега стоматолог