На мажите родени во овој знак најтешко ќе им го привлечеш вниманието: Еве како да бидеш успешна во тоа

Добивај вести на Viber

Тој не трпи досада и монотонија...

Искрен, опуштен и секогаш подготвен за авантура. Доколку ова се карактеристиките на вашата симпатија, тогаш големи се шансите да ви се допаѓа маж Стрелец. Доколку не ви успеало да ја шармирате таа личност, време е да дознаете повеќе за овој хороскопски знак.

Со Стрелците владее планетата Јупитер. Тие се многу искрени, но имаат еден мал проблем: најмногу се трудат кога ќе почувствуваат дека никој не ги цени.

Многу е лесно да склучите пријателство со Стрелец, но многу потешко е да го договорите за љубовен состанок.

Во продолжението на текстот дознајте како може да го воодушевите мажот Стрелец, со тоа што дефинитивно нема да ве заборави.

1. Не покажувајте премногу интерес

Не треба да се однесувате ладно и резервирано, секако. Доволно е на првиот состанокот да задоцните 15 - тина минути.

Немојте премногу да му пишувате. Доколку не ви одговори веднаш на пораката не се нервирајте и дефинитивно немојте да го прашувате каде исчезнал.

Колку помалку интерес покажувате, толку тој ќе труди да ви привлече вниманието.

2. Изненадете го

Поточно, изненадете се себе. Испробајте нешто што вообичаено не би пробале. На пример, носете очила за сонце на дожд. Прелистајте ја книгата која инаку никогаш не би сте ја читале.

3. Облечете се необично

Немојте да се правите дека мистериозни, бидете навистина мистериозни. Стрелците имаат дива душа и сакаат луѓе кои не се плашат од промени.

4. Повикајте го на авантура

Досадата е најголемиот непријател на Стрелецот. Тој секогаш сака авантури и не сака да го троши своето време на одмор или уживање.

Бидете внимателни, бидејќи некои Стрелци умеат да исчезнат без трага и глас. Штом ќе почувствува дека живее во монотонија тој бара друг предизвик. 

Доколку сакате да го воодушевите Стрелецот мора да бидете оригинална. Пронајдете нешто и на вас ви одговара, а што и на него би му било интересно, многу поинтересно од прошетка во парк или седење во кафуле.

Може да ве интересира:

Викенд хороскоп: Селектирајте ги приоритетите и целите за да бидете среќни