Викенд хороскоп: Селектирајте ги приоритетите и целите за да бидете среќни

Добивај вести на Viber

Овен

Неповолната клима нема да трае долго, важно е добро да се подготвите на следната фаза. Нема потреба да се однесувате премногу комплексно или наметливо кон саканата личност. Простете му на партнерот за различните пропусти кои ги прави, немојте да ги „гаснете“ љубовните искри.

Бик

Доколку сакате да ја убедите околината дека поседувате практично знаење и интелектуална способност, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот делувате сомнително и му пронаоѓате различни замерки на партнерот. Сепак, вашата интелигенција не е семоќна во решавањето на основните љубовни дилеми.

Близнаци

Посветувате многу внимание на решавање на некои актуелни проблеми. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и недоразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат комплицирано, вашиот партнер ги гледа со други очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Рак

Потрудете се да бидете ангазирани на различни страни. Важно ви е на семејството и саканата личност да им подарите повеќе радост. Понекогаш е тешко да ги вклопите различните интереси и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.


Следна страна