Викенд хороскоп: Селектирајте ги приоритетите и целите за да бидете среќни
Лав
Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на цели или да ги промените вообичаените критериуми. Во љубовниот живот, важно е да ги зачувате вистинските вредности и искрено да му удоволите на партнерот. Потрудете се да бидете доволно разумни и умерени кога се решаваат заедничките проблеми.
Девица
Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредностите. Најубавиот настан ве очекува во љубовниот живот или на средба со една драга личност. Секогаш кога ќе се измешаат вашите страсти и чувства, нека ви биде позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.
Вага
За време на викендот ве советуваме добро да ги процените своите можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро му ја препуштате доминацијата на партнерот или впечаток дека го има „главниот збор“.
Шкорпија
Пред вас е тешка недела, но имајте предвид дека долгорочниот успех подразбира правилна проценка на вредностите и почитување на заедничките одлуки. Во љубовниот живот, премногу инсистирате на убедливи докази и често барате строго или разумно објаснување на нечии однесување.