На моите концерти едвај имаше 100 луѓе, сега имам армија- го препознаа моето визионерство: Јелена Карлеуша во Скопје

Добивај вести на Viber

Таа е се, само обична не! Дебатираат за неа насекаде, но дека ги помести сите граници во шоу бизнисот барем на Балканот, тоа е веќе апсолвирано и докажано.

Германскиот магазин Фокус ја нарече „Мадона на Балканот“, додека магазинот V ја спореди со Лејди Гага. Тоа зборува многу.

Јелена Карлеуша 30 години е во музика, а нејзината кариера постојано е во на нагорна линија и многу јасно е дека пејачката нема намера да застане. Таа е најследената Србинка на социјалните мрежи, вклучувајќи над два милиони следбеници на Инстаграм.

Во текот на нејзината кариера, предизвика значителни контроверзии, критики и линчувања од медиумите поради нејзините настапи, кои често се сметаат за остри и пресексуализирани, како и нејзините отворени ставови, особено во однос на другите јавни личности и социо-економската ситуација во Србија. 

Меѓутоа, таа создаде и непобитно влијание врз јавниот живот и масовната култура во Србија и регионот. Во јавна анкета од 2013 година, таа беше наведена како најголемо влијание врз српската младина по Новак Ѓоковиќ. Насловот на нејзината песна од 2012 година, „Содома и Гомора“, се појави како прашање на стандардизиран тест за прием на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, таа година. Во 2019 година, Карлеуша беше предмет и на магистерски труд со наслов „Дипломатијата на славните во поранешна Југославија: случајот на Јелена Карлеуша“ на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб. Сметана за стилска икона, Карлеуша низ годините се здоби со значително странско признание преку модата. Во 2015 година, таа се здоби и со меѓународна слава откако ја обвини Ким Кардашијан, а потоа и Бијонсе дека го копираат нејзиниот моден стил, и беше прикажана на шоуто на Венди Вилијамс, меѓу другите медиуми од целиот свет, дискутирајќи за нејзиниот стил и социјалните мрежи.

Таа е една од првите српски познати личности кои јавно ги поддржаа правата на ЛГБТ, па затоа важи за геј икона. Карлеуша исто така се залага за правата на животните и соработуваше со ПЕТА во 2018 година.

Таа е позната по поддршката на разни други каузи во текот на нејзината кариера. По поплавите во Југоисточна Европа во 2014 година, Карлеуша три дена по ред ги снабдуваше српските засолништа со основни потреби. Истата година, нејзиниот сопруг и таа беа една од ретките регионални познати личности кои всушност придонесоа финансиски во истражувањето на АЛС, откако учествуваа во предизвикот со кофа со мраз. Во 2015 година, таа настапи на хуманитарниот концерт „Дона Арес“ за жртви од рак во Олимписката сала Зетра во Сараево. Во декември 2018 година, Карлеуша донираше 100.000 динари на ВК Партизан за греење на базенот во текот на зимата.

Во септември 2004 година, Карлеуша се омажи за Бојан Кариќ, внук на контроверзниот српски бизнисмен Богољуб Кариќ. Сепак, бракот траеше кратко, а тие се разведоа по само три месеци.

Повторно се омажи на 28 јуни 2008 година со српскиот фудбалер Душко Тошиќ. Двојката има две ќерки, Атина (2008) и Ника (2009). И двете се родени со царски рез на ист датум, 7 септември. Брачната двојка неодамна реши да се разведе спогодбено.

Карлеуша вчера допатува во Скопје за да ги каже деталите за нејзиниот концерт кој ќе се одржи во арената Јане Сандански на 19 Октомври во организација на Ивент Груп. Всушност, од нашиот главен град започнува и нејзината турнеја насловена како „Алфа и Омега“ (двата нејзини најнови албуми) по другите балкански градови.

На прес- конференцијата дојде облечена во црн костим со појас од лакирана кожа. Изгледа многу поразлично од телевизија и интернет, всушност многу поубава, слаба, извајана и она што многумина изненади- неверојатно пријатна за разговор на буквално сите теми. И за секој новинар имаше време. 

„Многу ја сакам Македонија, а тоа со години наназад го покажував. Ова е народ кој ме сака, кој ја сака музиката и знае да цени. Многу сум возбудена затоа што ова нема да биде обичен концерт – од овој концерт зависи цела турнеја.

Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се обогатам, јас сум богата жена, а во Македонија, ниту кај нас не може никој да се обогати, туку само да се покаже.

Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам“, рече Карлеуша.

На наше новинарско прашање- Колку е болно или тешко да си визионер на овие балкански простори во кои стереотипи владеат насекаде, а притоа сите те копираат, па дури и светските ѕвезди, Јелена беше јасна:

Болно е секако. Кога започнував, на моите концерти едвај имаше 100 луѓе, не знаеја ни што пеам. Денес тоа се едни од најголемите хитови и ги слушаат генерации и генерации. Лас сум дупли Лав во хороскоп и морав да се борам како знам и умеам. Секако, тука беше мојата мајка Дивна од која многу научив. Сакам нештата да траат. Моите дела. Дивна почина, сите работи и се во станот во кој живееше и не сум влегла таму. Сакам да остане така како што било, затоа што и таа беше пред времето и многу направи. Еден ден сето тоа ќе се вреднува. Денес се случува пејачи да траат најмногу три години. Ќе се крене фама, Инстаграм, видеа, некои песни, но потоа како да пропаднале во земја. Јас тоа не го дозволив. Затоа траам 30 години и не запирам- ни изјави за Женски магазин дивата.

Потоа ја прашавме за облекувањето. Важи за најголем трендсетер дури и во светски рамки, а тоа е евидентно со големиот број пофалби од реномирани странски личности и списанија.

“Јас добро знам што е шоу бизнис. Модата е нераскинлив дел од мене. Но стилот е друго. Не е само да покажеш, туку и да докажеш дека можеш, всушност дека некој од овие простори може да биде пандам на она што го гледаме во Холивуд. Јас сум жена која и сама измислува свои стајлинзи, пратам се, следам се. Но, нештата ги правам на мој начин. Ама она што го носам на сцена не го препорачувам да го носите. Тоа се посебни костими, комплицирана облека и наменета исклучиво за сценски настапи. Ме сметаат за модна икона и не погрешиле. Но овде ќе те осудат, ќе бидеш распнат, а таму некаде на запад го препознаваат квалитетот во секоја смисла“. 

И продолжува- Имам комплекси како и секоја жена. Внимавам што јадам, не вежбам, скоро воопшто и да не спијам. Знам да бидам кршлива, да заплачам, да ме трогне нешто. И јас сум само човек. Она што не се гледа зад затворени врати затоа и се вика „зад затворени врати“. Но, не кријам работи. Ја кажувам вистината гледана од моја страна. Има луѓе кои секогаш ќе ме мразат и сакаат, но нели е така со сите? Ако сите те сакаат, тоа значи дека не чиниш!

Н.Т.

Фото: Вангел Тануровски