На нашата анкета „Дали според вас сѐ уште треба задолжително да се носат маски на отворено“, вие одговоривте вака

Добивај вести на Viber

„Јас сум вакциниран и сум надвор. Дали навистина сè уште треба да носам маска?"

„Ако трчам и не сум во близина на многу луѓе. Дали ми треба маска?"

„Ако одам по тротоарот и поминувам некого - треба ли да ја ставам маската?

Како што пристигнуваат потоплите временски месеци и процентот на вакцинирани постепено се зголемува, ова се некои од прашањата што ги поставуваат се поголем број луѓе. 

Во повеќе земји ширум светот веќе се олабавуваат мерките, а некаде забраната за неносење маски е укината. Секако, секаде е различно и пандемијата нема подеднакво иста сила како брзината на вакцинирањето на населението.

Реномираниот Д-р Ашиш Хаа, декан на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Браун од Америка изјави за Си-Ен-Ен дека очекува наскоро маскирањето да стане само на затворено.

„Очекувам, во текот на следните неколку недели, државите да започнат со укинување на мандатите на отворено“, рече Хаа, додавајќи дека повеќето инфекции се случуваат во затворен простор, така што луѓето ќе треба да носат маски внатре уште некое време подолго.

Кај нас се уште е задолжително носењето маска. Ние спроведовме анкета со прашањето „Дали според вас сѐ уште треба задолжително да се носат маски на отворено“?

Од вкупниот број на ваши гласови или 3839, вие одговоривте со „Да“ односно 1250 ваши гласови, додека пак со „Не“ 2589 .