На никој не му е јасно како Наоми Кембел стана мајка - природно или со помош на сурогат мајка: Овие фотографии откриваат дали има стомак

Фото: Инстгарам-Наоми Кембел/Profimedia

Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Наоми Кембел, ја шокираше светската јавност пред два дена објавувајќи дека стана мајка на 50 години, а на социјалните мрежи сподели и фотографија на која се гледа како држи нозе на новороденче во нејзините дланки.

„Прекрасен, мал благослов, ме избра да бидам нејзината мајка. Јас сум толку почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови што ја опишуваат врската што сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа", напиша црниот пантер со трогателна, убава фотографија.


Мајчинството на Наоми беше големо непознато не само за јавноста, туку и за нејзините најблиски соработници и колеги. Очигледно, дури и луѓето од тимот на оваа 50-годишна дама дознале за сè само половина час пред таа да ги сподели среќните вести на Инстаграм.

„Тоа е толку типично за Наоми. Таа сака да ги изненадува луѓето и да ги држи во неизвесност. Ова е навистина фантастична и среќна вест. Во време кога пристигнуваат толку многу негативни вести од поп-светот, таа се надева дека ова ќе го подигне расположението“, рече близок извор до супермоделот, а го пренесува „The Sun“.

Пријателите на Наоми тврдат дека нејзиното доцно мајчинство било инспирирано и мотивирано од нејзината добра пријателка и колешка Иман - која сега има 65 години, а со Дејвид Боуви ја има ќерката Леки, која ја добија кога веќе таа беше во петтата деценија.

Бременост или сурогат мајчинство?

Но, што особено ја интригира јавноста е прашањето како Наоми стана мајка пред сè? Дали е тоа посвојување, сурогат мајчинство или бременост? Фотографија што ја сподели на Инстаграм покажува болнички бенд врзан околу нејзиниот зглоб, кој им го даваат на мајките во болниците во Америка, а нејзината мајка Валери Морис-Кембел исто така напиша во својот пост на Инстаграм дека „и честита на својата ќерка за раѓањето на нејзиното мало девојче".

Од друга страна, нејасно е како успеала да ја скрие својата бременост во претходните девет месеци, имајќи предвид дека сепак повремено се појавуваше во јавноста. Последен пат беше фотографирана на 22 април на улиците во Њујорк во бела и сина тренерка, а на фотографиите изгледа како да нема труднички стомак, но сепак - горниот дел беше доволно широк за да го покрие стомакот. 

Пред тоа, на 9 април, таа прошета по модната ревија на „Мајкл Корс“ во прекрасен црн фустан, на кој има мал стомак, но далеку од тоа да изгледа бремено. 

Инаку, Наоми, наводно, била во врска последните 18 месеци со Американец чиј идентитет не го открила на јавноста.

Да потсетиме, таа во неколку наврати зборуваше за својата желба да роди дете, без оглед дали има партнер со неа или не.

„Сакам да имам деца, без разлика дали имам маж до мене или не. Ќе ги имам сама", рече таа во едно интервју во 2014 година.

Три години подоцна, таа изјави дека постојано размислува да има дете и дека науката сега и дозволува да го прави тоа кога сака. Од друга страна, во 2019 година, таа откри дека веќе е доволно пријатно со своето „избрано семејство“, во кое е и нејзиниот штитеник - 21-годишниот Адут Акек од Судан. Потоа ја прашаа дали е подготвена за деца.

„Сè уште не, но ќе видам што ми носи универзумот. Засега, она што ми го донесе универзумот е главно во духот на" избраното семејство "", рече таа тогаш.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Мајка ѝ била танчерка, татко ѝ ја напуштил: Инспиративната животна приказна на Наоми Кембел