На терапија со смеење со комичарот Маца вечерва во Скопје

Босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ- Маца вечерва со свое стендап шоу гостува во Скопје.

„Добредојдовте на терапија“ е наречено шоуто на Маца кое почнува од 20 часот и ќе се одржи во Дом на АРМ.


„Легендата Маца ќе ве искапе во солзи од смеење, а ќе си одите со болки во стомакот“, велат организаторите, „Стендап Македонија“ за ова шоу. „Добредојдовте на терапија“ откако гостуваше во целиот регион, вечерва е и во Скопје, а Маца е еден од најбарните комичари на Балканот. Билетите се продаваат на билетарата на Дом на АРМ по цена од 400 денари.