На трудната сопруга ѝ зарил нож во грб: Заминал на семеен одмор со нејзина другарка, но сѐ излегло на виделина
Дека не секогаш цветаат рози во љубовта сведок е и Кристен Кели, која на мрежите го сподели своето шокантно искуство.
Оваа трудница предизвика голема врева на „TikTok“ откако објави дека нејзиниот невенчан сопруг и татко на бебето кое го носи ја изневерува со нејзината најдобра пријателка.
По шокантното откритие, таа одлучила да ја сподели својата приказна, а склопот на околности што ја следеле оваа прељуба е тотално бизарен.
Ја однел љубовницата на семеен одмор
Кели, која во тој момент била бремена во 34 недела (7 месеци) со своето второ дете, изјавила дека за аферата на својот избраник дознала благодарение на сообраќајна несреќа. Дечкото и девојката биле на мотор за време на нивниот романтичен одмор, кој Кели несвесно го платила.
Кели објасни дека нејзиното момче ѝ кажало дека мора да оди на деловно патување и дека ќе работи цел викенд. Меѓутоа, зад тоа стоела голема лага, бидејќи тој ја напуштил земјата со својата љубовница. Бизарноста не завршила тука, бидејќи го искористил пакетот за одмор што го платила бремената Кели за семејството.
Нејзиниот избраник и нејзината пријателка доживеале сообраќајна несреќа, а Кели дознала за тоа преку апликацијата „GoFundMe“. Нејзината пријателка таму ги споделила сите детали од несреќата за некој да им помогне, а сето тоа дошло до несреќната Кели.
Трудницата во видеото ја детализира длабочината на предавството, истакнувајќи го значајното влијание што го имало врз неа и нивното семејство, особено со оглед на нејзината ризична бременост и потребите на нивната постара ќерка, која е аутистична.
@baddiebabymamma #mentalhealth #crying #cheating #mentalhealthmatters
По одморот им сервирала ладен туш
Сепак, таа заклучила дека оваа сообраќајна несреќа со мотор го спасила нејзиното семејство од дополнително понижување.
- Не сакам негативност или драма во мојот живот. Ќе се породам за неполн месец. Морам да се фокусирам на моите ќерки. Повторното преживување на мојата болка нема да промени ништо. Јас и тој никогаш повеќе нема да бидеме во врска и засекогаш сум му благодарна на тој мотор за тоа. Верувам во Бог дека ќе се грижи за мене, ќе ме излечи и ќе ми помогне да бидам најдобрата мајка што можам да бидам – раскажа девојката.
Таа предизвика лавина од коментари на мрежите, од кои повеќето беа поддршка за сето она низ кое таа поминува.
Извор: Kurir.rs