Над 33.000 новоинфицирани со Ковид-19 во Бразил, во Австралија бројот се намалува

Добивај вести на Viber

Во Бразил, во последните 24 часа се пријавени 33.536 нови случаи на коронавирус и 836 смртни случаи од оваа болест, додека бројот на нови инфекции се намалува во Австралија.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 4,59 милиони луѓе се регистрирани во Бразил, додека официјалниот број на смртни случаи се искачи на 138.108, според Министерството за здравство.

За разлика од Бразил, жариштето на коронавирус во Австралија, државата Викторија објави дека новите случаи на коронавирус се преполовиле во споредба со претходниот ден, така што државата ќе ги ублажи некои ограничувања веќе следната недела.
Викторија, втора по бројност во Австралија, објави 5 смртни случаи од КОВИД-19 и 15 нови инфекции во последните 24 часа, наспроти три смртни случаи и 28 нови инфекции претходниот ден.

Просечниот број на нови инфекции во последните две недели во Мелбурн, епицентарот на вториот бран на епидемии на коронавирус, падна под 30 во последните 24 часа.


Фото: NELSON ALMEIDA / AFP