НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА - КАЈ НАС РЕТКО ВЕЌЕ КОЈ ЈА ИМА!
Последното свирепо убиство, во населбата Ново Лисиче, по кое згасна исклучително млад живот , кој допрва почнал да се гради во вистинската смисла на зборот, го отвара прашањето, дали ние тотално отидовме во неповрат како општество? Точно, не постои земја, во која не се случило убиство, но во нашава, со преголема леснотија се одземаат животи ( без разлика дали е причинето на помлад или повозрасен човек). Каде ги изгубивме елементарните човечки вредности, на себевреднување, на вреднување и на другиот, почитта, солидарноста, емпатијата и помошта? Тогаш, зошто се нарекуваме себе си луѓе? Зарем веќе се претворивме, во крволочни животни, кои се истребуваат помеѓу себе си, за да можат да преживеат во џунглата? А оваа нашава „ џунгла“, е целосно за жалење. Секој секого, гледа да му наштети, и напакости, за сопствена и лична корист, не бирајќи средства и начини , за да ја постигне својата цел. Општеството нема веќе ниту еден морален ориентир, патоказ , кој треба нацијата да ја развива согласно модерните тенденции, и да биде во тек со времето. Напротив, постсоцијалистичката транзиција, ги уништи и тие некои воспоставени критериуми , изградени од и во бившата тоталитарна , социјалистичка , заедничка држава Југославија. Точно , Југославија не е идеал на држава, која голем број на граѓани од „ нејзиното време“ , и после 30 години од нејзиниот распад сакаат да ја претстават и глорифицираат како таква, но боже наш, што се случи со оваа земја, и со сите земји , со исклучок на Словенија, после распадот на бившата ни Ју заедница?
Останатиот дел од колумната може да го прочитате на Фактор.мк.