Надвор гори и небо и земја, а таа во чизми, закопчана до грло: За комбинацијата на Анџелина Џоли во Венеција зборува цел свет

Добивај вести на Viber

Вечерва започнува големиот фестивал во Венеција, а Анџелина веќе успеа да привлече внимание, иако можеби малку изненади

Венеција во следните неколку дена ќе биде местото каде што ќе се соберат бројни светски ѕвезди, а некои веќе пристигнаа во овој град, за да имаат доволно време да се подготват за свеченото отворање на 81-то издание на овој познат филмски фестивал.

Меѓу нив беше и Анџелина Џоли, која беше во центарот на медиумското внимание поради нејзиниот по малку необичен стил на облекување.

Бидејќи се уште е лето а температурите не паѓаат под 30 Целзиусови степени, очекувано беше да ја видиме во некое полесно издание, но таа и овој пат успеа да ги изненади сите.


Имено, врз основа на фотографиите од убавата Анџелина, можеме да видиме дека нејзиниот стајлинг е многу повеќе за некои мрачни и студени есенски денови отколку за жештините како што се моментално во Венеција, каде што беа измерени дури 32 степени.


По пристигнувањето на аеродромот „Марко Поло“, Анџелина позираше пред новинарите во беж есенски капут со кратки ракави, под кој се гледаше светло обоен топ и црно здолниште со средна должина.

За комбинацијата да биде уште полоша, Анџелина облекла долги чизми во црна боја кои не оставале ни трошка откриена кожа која може да дише, а се заврши со чанта од модната куќа Диор.


ФОТО: Инстаграм принтскрин