„Најарогантното откривање за полот на бебето, досега, за ова платиле 200.000 евра“: Шокантно видео се споделува на интернет, родителите се соочуваат со сурови критики за нивната постапка

Добивај вести на Viber

Откривањето на полот на детето е сè попопуларна активност меѓу идните родители. Дали од некаде ќе се појави сина боја, што ќе значи дека момче е на пат, или розова, како идната принцеза на мама и тато, е суштината на една весела приказна за најблиското семејство, пријателите и кумовите. Некогаш се започнало безопасно - кога мама и тато со пукање балон ќе го дознаат полот на бебето што го очекуваат, но потоа се замина во неочекувани крајности.

Некои родители знаат да бидат многу креативни кога станува збор за откривање на полот на нивното дете, а нивната идеја ќе ја воодушеви јавноста – доколку видеото заврши на социјалните мрежи. Има и такви кои се одлучуваат за едноставност бидејќи само сакаат да ги соберат своите сакани околу себе и да ја споделат радоста на новороденчето со нив. Но, секако има и такви кои по секоја цена сакаат да остават впечаток на околината и бројните следбеници на социјалните мрежи.

За да откријат дали бебето што го очекуваат ќе биде машко или женско, некои родители, кои моментално се актуелни на социјалните мрежи, изнајмиле (или купиле) џип.

Скапиот автомобил бил скриен меѓу картонски ѕидови завиткан со машна, а кога ја одврзале - се појавил розов џип - врз основа на кој возбудените мама и тато дознале дека нивното семејство наскоро ќе добие девојче.

За кратко време видеото достигна десетици илјади прегледи и бројни коментари, а многумина оваа глетка ја опишаа како „најарогантното откривање за полот на детето досега“.

„Ах, беља. Само 200.000 евра“, „Ми се гади од вакво фалење“, „Не ми е јасно како една мајка во ваква постапка може да се изненади од полот на детето што наскоро ќе го роди“, „За ова треба да се воведе данок“, напишаа гневните твитерџии под видеото.

Некои дури се запрашаа дали би возеле автомобил во таква боја или ќе треба да вложат дополнителни пари за да го префарбаат розовото во класична нијанса?

Фото: Принтскрин/X
Извор: Zena.blic.rs