Најчести лаги кои ќе ги слушеме од тинејџерите

Добивај вести на Viber

Во период на адолесценцијата, децата почнуваат да се оддалечуваат од родителите, бидејќи тоа е период кога се бараат и губат во лична несигурност, несреќно се вљубуваат ...

Експертите велат дека генерацискиот јаз тогаш најмногу се почувствува, а тинејџерите од критики воглавно се бранат со лаги. На листата најчести невистини се најдоа следниве:

-Денес немам домашна задача

Малку-по малку, па детето ви соопшти дека не мора да учи бидејќи професорите така одлучиле. А , всушност домашното ќе го препишат од некој пред школо или ќе избегаат од спорниот час.

-Професорот не стигна да не испраша, па не ја поправив оценката

Класична лага кон која посегнуваат кога не стигнат да се подготват за час

-Вечерва ќе спијам кај најдобрата другарка

Тоа значи дека ноќта сигурно ќе помине бурно, а прашање е дали, наместо кај пријателката, ќе отиде кај некој друг

-Тато рече дека можам

Кога мама нешто нема да дозволи, тука е другиот родител на кој може да се вадат тинејџерите, а кој е на работа и всушност не е ниту прашан

-Не го слушнав ѕвончето, ниту видов пропуштен повик

Родителските повици често доаѓаат во погрешно време, па детето лесно се извлекува кога излаже дека не го слушнало телефонот од галама.

-Но, сите (ќе) одат (сите тоа го прават)

Ова е реакција на забрана , која убедливо звучи ако родителите помислат дека само тие ја изрекуваат, додека останатите деца мајките и татковците слободно ги пуштаат.